ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Трансфер „бомба“: Пелистер го врати Томе Китановски во Битола

По три кола во Втората македонска фудбалска лига се случи трансфер „бомба“ во Битола, Пелистер летниот преоден рок го заоружи со големо засилување. Во матичниот клуб се враќа Томе Китановски.

30-годишниот десен бек во Пелистер доаѓа од редовите на Струга Трим ЉУм, каде мина една сезона. Во својата кариера која ја започна токму од Пелистер, Китановски има настапувано и за Универзитатеа Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо, Кукеши, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи.

Момците на Марјан Секулоски на стартот од сезоната забележаа победи на Кожуф и Арсими, додека пак против Беса од Добри Дол ремизираа. Китановски ќе дебитира в сабота против Гостивар на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!