ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Трансфер бомба: Давид Бабунски пред потпис со Шкендија ?

Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски е пред потпис со тетовска Шкендија, пишува порталот „Инфоспорт“.
Шкендија е главен кандидат за титулата во домашното првенство, па Бабунски ќе биде одлично засилување за тетовци со цел да успеат во тоа. Капитенот на У21 селекцијата која играше на Европското првенство е слободен фудбалер откако го раскина договорот со романски Ботошани.
Кариерата Бабунски ја започна во втроиот тим на Барселона, а потоа играше и за Црвена Звезда, па следуваше трансфер во Јапонија каде настапи за два клуба и последно настапи за Ботошани.
Доколку се договори овој трансфер, Бабунски за прв пат ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.