Европски ФудбалФудбал

Трампа на повидок: Брајан Хил пристигнува во Тотенхем

Тотенхем подготвува интересно засилување ова лето.

Еден од најдобрите млади фудбалери во Шпанија, Брајан Хил, ќе се пресели од Севилја во Лондон, додека Ерик Ламела ќе оди во спротивна насока, плус уште 25.000.000 евра.

Лидерите на Спарс очигледно водат преговори во тајност веќе подолго време, а дури сега се појавија деталите за преговорите.

Хил, кој е роден 2001 година во Барселона, игра на позицијата лево крило.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Еибар, со цел да добие поголема минутажа. Таму одигра 28 натпревари на кои постигна четири гола и забележа три асистенции.

Многумина се прашуваат што ќе се случи со Хари Кејн, но позицијата на лидерот на Тотенхем е јасна, тој нема да може да го напушти клубот под 120 милиони евра. Бидејќи никој не понуди толку многу, јасно е каде ќе биде следната сезона.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!