ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Трајче Сповеќе не е тренер на Осогово

Досегашниот тренер на второлигашот Осогово, Трајче Сенев повеќе не ја извршуваа оваа функција.
По заемен договор на управата и Сенев, соработката со стратегот е раскината. Трајче на клупата на „жолто-сините“ беше на три официјални средби.
„Во оваа прилика на Сенев му посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера“, велат од кочанскиот клуб.
До назначување на нов тренер екипата ќе ја води досегашниот негов помошник Александар Андов.