ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Трајче Сенев е нов тренер на Кожуф

Второлигашот Кожуф од Гевгелија ја пронајде замената за Ѓоре Јовановски, кој пред една недела си замина од клубот. На местото на Јовановски доаѓа Трајче Сенев, тренер со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал.

Сенев последно го водеше Кит-Го во Втора лига – Исток, а тој беше тренер и на Силекс, Осогово и Брегалница.

По осум одиграни кола Кожуф има 10 бодови и се наоѓа на десетото место на табелата. 58-годишниот штипски стратег своето деби на клупата на Кожуф ќе го има против Беса од Добри Дол на гостински терен, во рамки на 9. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!