ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Трајче Сенев е нов тренер на Кит Го

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Кит Го. Сенев доаѓа на местото на Емил Грнев со кого клубот постигна спогодбен договор за прекин на соработката.

„Кит Го искажува огромна благодарност на Емил Грнев за досегашниот целокупен ангажман за развојот на Кит Го како фудбалски колектив, искрено посакувајќи му успешна тренерска кариера во иднина“, велат во соопштението од пехчевскиот второлигаш.

Сенев повторно се враќа на кормилото на Кит Го како еден од најзаслужните за подемот на второлигашот од Пехчево во годините на пробив до второлигашката конкуренција. Сенев е препознатлив по промоцијата и афирмацијата на младите фудбалери во клубот и источниот регион.

Претходно во својата тренерска кариера, Трајче Сенев, покрај во Кит Го, беше предводник и на Силекс, Осогово и Брегалница.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!