ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Традиционален натпревар за Велигден меѓу ФК Младост и ветераните на клубот во Удово

Денес на теренот во Удово се одигра традиционален Велигденски натпревар меѓу ФК Младост Удово и ветераните на ова екипа, кој заврши без победник со по еден гол во мрежа (1:1).
За екипата на ветераните настапија поранешни фудбалери кои имаат настапувано за ФК Младост Удово со поранешни фудбалери кои имаат настапувано за други клубови. За екипата на ФК Младост од Удово настапија дел од активните фудбалери на клубот, засилени со поранешни фудбалери од ФК Миравци.
Инаку, ова традиција со одигрување фудбалски натпревар за Велигден во Удово е подолга од 30 години.

Во прилог фотогалерија од натпреварот во Удово: