Традицијата е на страната на Ренова, но формата го прави Шкупи фаворит
Викендот се игра 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено во сабота со дербито во Тетово меѓу Ренова и Шкупи. „Гипсарите“ после тешкиот пораз од Работнички од 3:1 во претходното коло, во сабота ќе атакуваат на победа и враќање на позитивните резултати. Од друга страна, Шкупи после ремито со Вардар од 1:1 ќе се обиде да се поправи и да запише победа во Тетово со цел да го следи чекорот на лидерот Шкендија.
Традицијата е на страната на Ренова, во нивните пет меѓусебни пресметки Ренова има две победи, додека Шкупи само една, три натпревари заврши со нерешен резултат. На последните десет натпревари Шкупи нема победа над Ренова во Тетово, што е мотив плус за прва победа во Тетово.
На центарот на Градскиот стадион во Тетово ќе биде Маркоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Маркоски Слаѓан од Гостивар и Мацевски Ацо од Струга.