Европски ФудбалФудбал

Трабзонспор повторно се насочи кон Алиоски

Турскиот клуб Трабзонспор повторно се интересира за Езџан Алиоски, но интерес за нашиот репрезентативец има и од неколку други клубови.

Договорот на македонскиот репрезентативец со Лидс истакува ова лето, а тренерот Марсело Биелса посакува Алиоски да остане на „Еланд Роуд“.

29-годишниот Алиоски е повторно на радарот на Трабзонспорт, откако клубот не успеа да се договори со Умет Мераш од Ле Авр, па сега повторно се насочува кон македонскиот репрезентативец.

Алиоски минатата сезона во Премиер лигата одигра 36 натпревари, постигна два погодоци и запиша 3 асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!