Европски ФудбалФудбал

Тоти: На Манчини не му треба совет

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти смета дека „волчицата“ го направи вистинскиот потег со доведувањето на Жозе Мурињо.

„Кога ќе дојде, ќе каже директно што мисли. Го доведовме најдобриот тренер на светот. Дали би посакал тој да ми биде тренер ? Кога бев помлад играч, тогаш – да“, рече Тоти и потврди дека нема контакти со управата на клубот од Рим во врска со неговото враќање на некоја позиција.

Тој исто така ги коментираше игрите на Италија на Европското првенство.

„Можат да стигнат далеку, тие тоа го покажаа досега со својата игра и страст. Сите играчи имаат голема желба да победат.“

На прашањето дали би имал некој совет за селекторот Роберт Манчини, Тоти одговори:

„Јас не сум тренер, а не му треба ни совет.“

Во групата со Швајцарија, Турција и Велс, Италија оствари три победи, а Австрија ги чека во осминафиналето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!