Европски ФудбалФудбал

Тотенхем разговара со пет кандидати за тренер

Тотенхем сè уште го нема решено прашањето за менаџерот за следната сезона. Во моментов, челниците на тимот од Северен Лондон разговараат со пет кандидати.

Антонио Конте, Пауло Фонсека и Џенаро Гатузо беа блиску да пристигнат во северниот дел на главниот град на Велика Британија. Сепак, не беше постигнат договор во последната фаза од преговорите.

Во моментов, Даниел Леви, сопственикот на клубот, разговара со пет стручнаци. Меѓу нив се и Ерик тен Хаг, тренерот на Ајакс, како и Ралф Рангник и Ернесто Валверде, кои во моментов се без работа.

Леви се очекува да ја донесе конечната одлука до крајот на неделава, така што идниот менаџер ќе има доволно време да формира тим за следната сезона.

По заминувањето на Жозе Мурињо, привремен менаџер беше Рајан Мејсон. Под негово водство, Тотенхем оствари четири победи и три порази. „Петлите“ ја завршија сезоната на седмото место во Премиер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!