Европски ФудбалФудбал

Тотенхем ги прекина преговорите со Конте, еве ги причините!

Тотенхем ги прекина преговорите и се откажа од назначувањето на Антонио Конте за нов тренер. Преговорите запреа во петокот вечерта, а од клубот изразија загриженост за некои од барањата на Конте, вклучувајќи ја и неподготвеноста да работат со надежни млади играчи во клубот.

Според „Скај Италија“, Конте имал големи сомнежи дека ќе стане следниот главен тренер на Тотенхем и бил склон да ја одбие понудата. Фабио Паратичи, кој го напушти Јувентус минатиот месец и работеше со Конте во периодот од 2011 до 2014 година, сè уште е близу до влегувањето во Спарс како нивен нов спортски директор.

Конте е несигурен дека тимот на Спарс е подготвен веднаш да освои трофеи. Италијанецот освои пет шампионски титули во последната деценија и е во потрага по уште еден „победнички проект“.

Тој се обидуваше да сфати дали е можно за краток временски период да се надмине јазот со четири или пет екипи во Премиер лигата, а Спарс завршија со 24 поени помалку од шампионот Манчестер Сити. Од Тотенхем немаа намера да го притискаат да освои трофеи веднаш, но тој имаше и други планови. Проблем беше неговата плата, како и буџетот за трансфери, а сето тоа се судри со визиите на најпознатиот фудбалски економист Даниел Леви.

Сето тоа не доведува до ништо од неговото враќање во Англија по три години кога ја напушти клупата на Челзи, а Конте може да земе една година пауза по успешната сезона.

Челниците на Тотенхем ќе продолжат со потрагата што ја започнаа со смената на Жозе Мурињо во април.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!