Европски ФудбалФудбал

Тотално неочекувано: Костиќ е близу до преселба во Берлин

Филип Костиќ наскоро би можел да го напушти Ајнтрахт и да се пресели во Херта, пренесува „Билд“.

Српскиот репрезентативец со месеци се поврзуваше со разни клубови, а во последно време најмногу се пишуваше за неговиот трансфер во Интер и Рома.

Па сега, споменувањето на Херта е уште поизненадувачко. Сепак, германските медиуми откриваат дека новиот спортски директор Фреди Бобиќ сака Костиќ да го донесе во клубот од Берлин.

Еднаш го донесе од Гронинген во Штутгарт за шест милиони евра, а потоа во 2018 година во Ајнтрахт, најпрво на позајмица од Хамбург, потоа клубот од Франкфурт го купи за истата цена.

Шансата за доаѓање на Филип Костиќ се отвори во Херта, бидејќи Кордоба е пред трансфер во Краснодар, додека клубот од Берлин очекува заработка и од продажбата на Доди Лукебакио, која се проценува на 15 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!