Европски ФудбалФудбал

Торино му нуди на Белоти 20 милиони евра за пет години

Торино сака да го задржи во своите редови напаѓачот Андреа Белоти, кој неодамна со Италија стигна до титулата европски шампион.

Клубот веднаш му понуди продолжување на соработката до 2026 година. Доколку Белоти ја прифати понудата, тогаш тој би добил 20 милиони евра односно четири милиони по сезона. Важечкиот договор на Белоти истекува на 30 јуни 2022 година.

По солидните игри на Европското, Рома и Милан покажаа интерес за Белоти. Од Торино веднаш рекоа дека нема да го ослободат напаѓачот без обештетување, што го проценуваат на 25 милиони евра.

Топката сега е во полето на Белоти. Тој доби понуда од неговиот матичен клуб, а од друга страна, предизвик е да игра во поголеми клубови. Приказната треба да добие епилог наскоро.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!