ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Томе Китановски ја засили Струга Трим Лум

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум се засили со поранешниот репрезентативец Томе Китановски кој се обврза на соработка покрај езерото до крајот на сезоната, а доаѓа на испразнетото место на Клисман Цаке кој се пресели во редовите на актуелниот шампион Шкендија.
Китановски стави потпис на договоро од шест месеци, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.
29-годишникот во својата кариера има настапувано за Шкупи, Македонија ЃП, Пелистер, романска Крајова, Вождовац, Младост лучани, Истра, Славен Белупо, Сабаил и Кукс на меѓународната сцена.