Европски ФудбалФудбал

Том Хитон на „Олд Трафорд“

Досегашниот голман на Астон Вила, Том Хитон, беше подложен на лекарски прегледи и се согласи да соработува со Манчестер Јунајтед.

Поранешниот голман на Барнли ќе потпише договор две плус една сезона како слободен агент. Инаку, во неодамна завршената сезона тој не бранеше многу, како поради повредата, така и поради одличниот Мартинез.

Во моментов Давид де Хеа и Дин Хендерсон веќе се борат за голот на „црвените ѓаволи“, па останува да видиме дали еден од нив двајца, поверојатно Де Хеа, ќе го напушти „Олд Трафорд“ со доаѓањето на Хитон.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!