Европски ФудбалФудбал

Тој го избра најубавиот начин да ја заврши својата богата кариера: Лукас Подолски се врати дома

Лукас Подолски е една од приказните на денот, бидејќи реши да ја заврши својата богата фудбалска кариера на најдобар можен начин.

Светскиот шампион од 2014 година и поранешен репрезентативец на Германија, потпиша за полски Гурник Забже и со тоа се врати дома.

Како што е познато, Подолски има полско потекло, а е роден во Гливице, место оддалечено само 12 километри од Забже.

Семејството Подолски се пресели во Германија наскоро по неговото раѓање, стана негова земја и репрезентација, но корените беа очигледно посилни и го донесоа Лукас во Гурник.

Подолски во својата кариера има играно за Келн, Баерн, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Коби и Анталија.

Одигра 130 натпревари за германската репрезентација и постигна дури 49 погодоци, а најголемиот успех го доживеа на Светското првенство во Бразил кога стана светски шампион.

Подолски има 36 години и го избра најдобриот можен начин да ја заврши кариерата, во областа каде што е роден.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!