Европски ФудбалФудбал

Тој еднаш застана на голот на „Аѕурите“: Тотенхем го донесе италијанскиот голман на позајмица

Пјерлуиџи Голини, италијанскиот голман, пристигна во Тотенхем на позајмица до крајот на сезоната, јавува Агенција Анадолија.

Во соопштението на англискиот клуб се наведува дека 26-годишниот Голини, кој има договор со италијанска Аталанта, ќе остане на позајмица до крајот на сезоната со можност за трансфер.

Голини минатата сезона забележа 32 настапи во сите натпреварувања во Аталанта.

Тој во дресот на италијанската фудбалска репрезентација запиша еден настап.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!