Европски ФудбалФудбал

Тој беше отпуштен во Јувентус, сега е близу до договор со Лацио

Според италијанските медиуми, Лацио многу бргу би можел да најде замена за Симоне Инзаги, кој е новиот тренер на Интер. Станува збор за Маурицио Сари.

Според пишувањата во медиумите Лацио е подготвен да му понуди на 62-годишниот тренер 2,5 милиони евра годишно со бонуси до четири милиони евра. Сари и неговиот агент инсистираат на плата од три милиони евра, па само половина милион евра ги делат од договор.

Четврток е клучен ден, бидејќи претседателот Клаудио Лотито ќе се сретне со Сари и ќе разговара приватно. Се споменуваа и имињата на Синиша Михајловиќ, но тој го продолжи договорот со Болоња и Андреа Вилаш Боаш, кој се откажа кога дозна дека не е прв избор.

Сари во својата кариера беше тренер на 17 клуба. Тој се одмори минатата сезона, додека последниот ангажман беше во Јувентус со кого ја освои шампионската титула.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!