ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тодоровски нов тренер на Локомотива од Градско, закажани и подготовките

Локомотива од Градско која за првпат ќе се натпреварува во Втората лига – Исток доби нов тренер. Во Градско доаѓа Диме Тодоровски кој ќе го води клубот во ВМФЛ – Исток.

Досегашниот тренер Сашко Пановски кој успеа со Локомотива да заврши на првото место во Третата лига – Југ и како шампион обезбеди директен пласман во Втората лига – Исток, останува во стручниот штаб, додека пак тренер на голманите е Сашко Паунов.

Тодоровски во минатото работеше како тренер на радовишка Плачковица.

Подговките за новата сезона се закажани за во среда со почеток од 18:00 часот

Во следниот период ќе бидат објавени и првите засилувања за клубот од Градско, кој првична цел ќе биде обезбедување на опстанок во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!