Останато

ТК Неготино екипен првак на Македонија за 2022 година, за играчи над 30 години

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Изминатиот викенд на терените во Кавадарци и Неготино, се играше лигата на Македонија за играчи со наполнети 30 години, во рамките на календарот од Македонска Тениска Федерација.
На истата учество зедоа 6 екипи : ТК Неготино – Неготино, ТК Црна Река – Кавадарци, ТК Топ Спин – Прилеп, ТК Битола – Битола, ТК Астибо – Штип, ТК Југ – Скопје.

Најуспешна беше екипата на ТК Неготино – Неготино, која воедно стана екипен првак на Македонија за 2022 година, за играчи над 30 години.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

На патот до финалето неготинчани славеа над екипите на ТК Топ Спин – Прилеп со резултат 3-2, и над екипата на ТК Југ – Скопје со резултат 4-1.

Во финалето ТК Неготино победи против ТК Црна Река – Кавадарци 3-2. Во мечот за трето место ТК Астибо – Штип славеше против ТК Топ Спин – Прилеп 3-2.

ПРОМОТИВЕН ТЕКСТ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!