ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Тиквеш закажа контролка со руски Кубан

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш на овие зимски подготовки ќе одигра уште еден пријателски натпревар во Анталија против екипата на Кубан од Краснодар, Русија.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА КОТВА.МК <<<
Тиквеш претходно на турско тло одигра контролка против Партизан од Белград и истата ја загуби со 2:1, а пак на вториот тест беше убедливо поразен од Олимпик од Узбекистан.
Пред стартот на пролетниот дел од сезоната Тиквеш ќе одигра уште неколку контролни натпревари. Момците предводени од Влатко Костов имаат за цел да обезбедат сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.