ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тиквеш во понеделник ги започнува подготовките, клубот се враќа на Градскиот стадион во Кавадарци!

Екипата на Тиквеш во понеделник (11. јануари) ќе означи старт на подготoвките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

Новиот тренер Пане Блажевски ќе го има првиот собир со екипата која ќе се подготвува во Кавадарци.

Од Тиквеш си заминаа Ванче Шиков, Андреј Лазаров, Лука Трајкоски и Дарко Грозданоски, а за пролетниот дел ќе пристигнат неколку засилувања со прволигашки статус што ќе дадат квалитет на екипата со цел да направи изненадување и да заврши на првото место пред Брегалница, која сега има седум бода повеќе од Тиквеш.

Закажани се и неколку пријателски натпревари на кои Тиквеш ќе ја тестира својата форма пред стартот на пролетната полусезона.

Тиквеш во пролетниот дел од сезоната се враќа дома и натпреварите ќе ги игра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!