ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш утре против Македонија ЃП ги стартува контролните натпревари

Прволигашот Тиквеш утре ги започнува контролни натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Прв натпревар за повратникот во ПМФЛ ќе биде екипата на Македонија Ѓорче Петров. Овој натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 18:00 часот.

Потоа Тиквеш ќе тестира и со Работнички, по што ќе се пресели во Охрид, каде ќе биде одработен главниот дел од подготовките, а покрај езерото Тиквеш ќе се тестира на уште три контролни натпревари пред враќањето во Кавадарци за каде е предвидена и „генералката“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!