Тиквеш убедливо славеше над Астраион

Ракометарите на Тиквеш лесно дојдоа до убедлива победа на домашен терен против струмички Астраион со 39:25, во натпревар од 2. коло од пелј-аутот од Суперлигата.
Домаќинот беше фаворит и целосно ја оправда улогата со убедлива победа која беше најавена уште од самиот почеток на натпреварот. Тиквеш многу брзо имаше големо водство од шест погодоци кога резултатот беше 10:4. Струмичките ракометари не можеа да го запрат налетот на Тиквеш кој на полувреме имаше фантастични 22:11.
Во вториот дел Тиквеш продолжи да ја полни мрежата на Астраион, струмичани немаа сили да го ублажат поразот, па конечниот резултат гласеше 39:25.
За Тиквеш ова е втора победа од исто толку натпревари, додека Астрион го запиша вториот пораз и останува на последното место.
Најдобар во редовите на Тиквеш беше Вања Смиљаниќ кој постигна девет погодоци, а еден помалку имаше левото крило Орданчо Лазов. Кај Астраион најмногу се истакна десниот бек Васко Наков кој постигна седум погодоци.
Во следното коло Астраион во Струмица го чека Голден Арт КЛ7, додека Тиквеш во Богданци ќе игра дерби во Младост.