РакометРакомет - Суперлига

Тиквеш со убедлива победа над Прилеп на гостински терен

Ракометарите на Тиквеш одигра одличен натпревар во Суперлигата, покажаа голема моќ и сосема заслужено дојдоа до голема победа на гостувањето кај Прилеп со 36:30. Суперлигашот од Кавадарци во последните два натпревари ќе брка плеј-оф, а со тоа и сигурен опстанок.

Гостинот од Кавадарци отвори одлично и цело време водството растеше до највисоки 11 гола, а на пауза се замина со десет разлика односно 14:24.

Во вториот дел Прилеп немаше сили и решение за одличниот Тиквеш кој продолжи да покажува моќ и дојде до својата четврта сезонска победа.

Чантурија со осум гола беше најефикасен на средбата, додека кај Тиквеш најдобар беше Коцев со седум, додека Лазов постигна шест гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!