ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш со победа над Македонија ЃП ги стартуваше контролните натпревари

Повратникот во Првата лига, екипата на Тиквеш денес во Кавадарци со 4:2 славеше над Македонија Ѓорче Петров и со победа ги започна пријателските натпревари во рамки на подговките за новата сезона.

Стрелци за ТИквеш беа Симе Христов, Ибрахими Тиам и Александар Мишов кој беше двоен стрелец.

На контролниот натпревар шанса добија сите фудбалери кои му се на располагање на струшниот штаб на Тиквеш. Тиам кој што е на проба во Кавадарци, се вклопува на екипата и постигна гол, па најверојатно ќе следи и официјална соработка односно потпис на професионален договор.

Следен контролен натпревар за Тиквеш пред заминувањето во Охрид ќе биде екипата на Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!