ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тиквеш со победа над Каменица Саса

Тиквеш денес запиша победа од 1:2 на гостување во Македонска Каменица против екипата на Каменица Саса, во меч од 18. коло од Втората лига – Исток.
Гостите од Кавадарци со гол на младиот Спахиу Едиз во 16. минута дојдоа први до водство од 0:1. По шест минути игра беше досуден пенал за домаќинот, а Гоцевски Даниел успешно го реализираше за израмнување на 1:1, резултат со кој се замина и на полувреме.
Во вториот дел гостите правеа притисок за нов гол кој падна во 63. минута, а стрелец беше Здравевски Бобан.
На овој натпревар Тиквеш настапи без поголем дел од првата екипа и одигра фер и коректен натпревар.
Табелата од Втората лига – Исток погледнете ја ОВДЕ.