РакометРакомет - Суперлига

Тиквеш со победа над Јуниор КВ, Астраион немаше сили за Младост кој носи три бода во Богданци

Денес се одиграа два натпревари од ракометниот плеј-аут од Суперлигата.

Првиот натпревар се играше во Струмица, каде екипата на Астраион загуби Младост со 24:30, со што трите бодови заминуваат во Богданци. Одлична игра на гостинот во текот на целиот натпревар.

Најдобри во редовите на Астраион беа левото крило Славе Јанковски и десниот бек Васко Наков кои постигнаа по 7 погодоци. Во редовите на победничката екипа од Богданци очекувано најдобар беше искусниот лев бек Мите Караиванов кој постигна фантастични 10 погодоци, додека пивотот Руслан Хончаров имаше шест гола.

Во Кисела Вода се одигра вториот денешен натпревар од плеј-аутот, каде екипата на Тиквеш со сигурни 18:26 славеше над Јуниор Кисела Вода. Кавадаречките ракометари важеа за фаворити на денешниот натпревар, а тоа го оправдаа со одличната игра на терен и трите бодови кои ги носат во Кавадарци.

Најдобар во редовите на домаќинот беше централниот бек Марио Гичев кој постигна пет погодоци, додека кај Тиквеш најдобри беа пивотот Пеце Ѓорѓиоски и централниот бек Страхиња Симиќ со по шест постигнати погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!