Тиквеш со голема победа над Осогово, Брегалница го декласираше Росоман

Денес беа одиграни петте натпревари од 23. коло од Втората лига – Исток.
Брегалница 5:1 Росоман
Брегалница како домаќин на Градскиот стадион во Кочани со 5:1 го декласираше „фенерџијата“ Росоман. Штипските „сини“ со тотална доминација на теренот ја оправдаа фаворитската улога. Резултатот беше отворен во 14. минута со гол на Наумоски Марио. Во 21. минута Росоман преку Дуков Слободан израмни на 1:1, но тоа како да го налути лидерот па постигна три погоди до крајот на првиот дел. По четири минути игра Муарем Муарем донесе водство од 2:1 за Брегалница, а во 34. минута Пројковска покажа на белата точка за штипјани, одговорноста ја презеде Стојанов Мартин кој успешно реализираше за водство од 3:1. По четири минути игра Наумоски со втор гол ја стресе мрежата на Арсов за 4:1 на полувреме. Во вториот дел Брегалница одигра рутински. Во 56. минута по пети пат Арсов капитулираше, а нововлезениот Кудијан Андреј ги постави конечните 5:1.
Тиквеш 3:0 Осогово
Фудбалерите на Тиквеш на домашен терен стигнаа до убедлива победа на Осогово од 3:0. Резутатот беше отворен уште во 6. минута од натпрњварот, откако Дејаноски покажа на белата точка за Тиквеш, а Христов Симеон успешно реализираше за 1:0. Во вториот дел Дејаноски досуди уште еден пенал во 72. минута за Тиквеш, а Христов по втор пат успешно реализираше за 2:0. По седум минути игра Костов Стефан ги постави конечните 3:0.
Слога 1:1 Плачковица
На Градскиот стадион во Виница екипите на Слога и Плачковица ремизираа играјќи 1:1. Радовишани стигнаа први до водство со гол на Трајчевски Александар во 17. минута од натпреварот. Лазаров Огнен во 37. минута ја стресе мрежата на Мишовски за конечните 1:1.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Кит Го 1:0 Кожуф
Големото дерби во Пехчево го доби домаќинот Кит Го кој со минимални 1:0 славеше над Кожуф. Стрелец на единствениот гол кој падна во 26. минута беше Рунтев Марио. Кит Го останува на третата позиција со шест бода повеќе во однос на Кожуф кој е четврти на табелата.
Каменица Саса 2:1 Победа
Каменица Саса во судиското надополнување стигна до голем триумф над Победа откако со 2:1 славеше на домашен терне. Дуков Сашо во 25. минута погоди за 1:0 и водство на Саса. Во 83. минута нововлезениот Илијоски Кисески Теофан постигна гол за 1:1. Кога сите мислеа дека бодовите ќе бидат поделени, Димоски Филип во судиското надополнување ја стреле мрежата на Котевски за конечни 2:1.
оментари