ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш се засили со Србинот Урош Мирковиќ, а го потпиша и Данаил Тасев кој се враќа во матичниот клуб

Тиквеш денес промовираше уште две нови засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Ново име во кавадаречкиот прволигаш е Србинот Урош Марковиќ. Искусен фудбалер кој доаѓа од екипата на Чапљина од Босна и Херцеговина. Исто така, фудбалерот има играно и во Борац од Бања Лука, Крупа и Радник Сурдулица.

Второто засилување во Тиквеш е Данаил Тасев кој е повратник во својот матичен клуб. Тасев помина една сезона во Работнички, по што реши да се врати во Кавадарци и да биде дел Тиквеш во следната сезона од ПМФЛ.

Инаку, Тиквеш вчера ги започна контролните натпревари и со 4:2 славеше над Македонија ЃП, а ќе одигра уште еден контролен натпревар против Работнички, по што екипата ќе се сели во Охрид.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!