ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Тиквеш се засили со левиот бек Глигор Дончев, во Кавадарци пристигнува и бугарски интернационалец

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци се засили со левиот бек Глигор Дончев кој доаѓа од редовите на второлигашот Охрид.
Кавадаречкиот прволигаш ја засилува левата бековска позиција со 23-годишникот кој во својата кариера покрај за Охрид има настапувано и за Каменица Саса, Осогово, Академија Пандев и Хоризонт Турново.
Покрај Дончев во Кавадарци пристигнува и бугарски интернационалец Николај Христов, кој на македонската фудбалска јавност и е познат по настапите во дресот на штипска Брегалница, со што одново ќе соработува со тренерот Влатко Костово со кого соработуваше во Штип.