Тиквеш се лизна кај „фенерџијата“ Росоман, Кит Го преку Ступиќ до победа над Осогово

Денес се одиграа натпревари од 22. коло од Втората лига – Исток, најголемото изненадување го приреди „фенерџијата“ Росоман.
Осогово 0:1 Кит Го
Фудбалерите на Кит Го со минимални 0:1 славеа над Осогово во Кочани. Стрелец на единствениот гол кој падна во 82. минута беше Ступиќ Бошко.
Победа 0:0 Слога
Прилепска Победа немаше сили ниту на домашен терен да стигне до триумф над Слога од Виница, па на крај мораше да се задоволи само со бод, откако одигра 0:0.
Плачковица 0:2 Брегалница (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Росоман 1:1 Тиквеш
Фаворитот Тиквеш се лизна кај „фенерџијата“ Росоман и одигра само 1:1. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни. На стартот од вториот дел судијата Ѓуровски покажа на белата точка за екипата од Кавадарци, која преку Христов Симеон дојде до водство од 0:1. Во судиското надополнување Росоман му приреди шок на фаворитот, откако Тодоровски Стефан ја погоди мрежата за конечни 1:1.
Кожуф 1:0 Каменица Саса
Кожуф на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Каменица Саса. Единствениот гол падна од пенал во 75. минута, а успешно реализираше Јаневски Андреј.