ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш сака прв триумф против Академија Пандев, деби за старо-новиот тренер Васоски

Супер интересно и неизввесно соочување денес ќе гледаме во Кавадарци, каде Тиквеш ќе биде домаќин на Академија Пандев. Мечот носи дополнителна доза предизвик бидејќи Тиквеш ќе брка прва победа против Академија Пандев.

Двете екипи имаат по седум освоени бодови од шест одиграни натпревари. Тренерски смени имаше и во Кавадарци и во Струмица.

Влатко Костов си замина од тренерското столче во Тиквеш, додека пак Академија Пандев и Ѓорѓе Стојчев спогодбено се разделија. Тиквеш моментално го предводат Ѓорѓи Мојсов, Трајче Орешков и Александар Митрев, додека пак Академија Пандев го назначи Александар Васоски за старо-нов тренер, кој во Струмица се врати по 8 месеци поминати во Сараево.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ, КОНТАКТ: 074 241 247

Тиквеш сè уште нема триумф над Академија Пандев, ниту во Втора, ниту во Прва лига. Двете екипи досега на официјални натпревари се соочија шест пати, а еднаш одиграа и пријателски натпревар. На сите средби Академија Пандев триумфирала против Тиквеш. Традицијата вели дека трите бодови ќе заминат во Струмица во меч со многу погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа
  • Меѓусебни натпревари Тиквеш – Академија Пандев:

27.08.2016 Тиквеш 1:3 Академија Пандев ВМФЛ
19.11.2016 Академија Пандев 7:0 Тиквеш ВМФЛ
22.04.2017 Тиквеш 1:3 Академија Пандев ВМФЛ
01.08.2020 Академија Пандев 2:0 Тиквеш Пријателски натпревар
18.08.2021 Тиквеш 0:2 Академија Пандев ПМФЛ
21.11.2021 Академија Пандев 3:2 Тиквеш ПМФЛ
19.03.2022 Тиквеш 1:2 Академија Пандев ПМФЛ

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, а главен судија на мечот ќе биде

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!