Тиквеш реагираше: Немаме ништо против Академија Пандев, изразуваме револт кон судиската организација и судиската четворка

Откако Академија Пандев вечерва реагираше на вчерашното соопштение на Тиквеш во врска со спорниот момент околу погодокот на кавадарчани, вечерва се јави и кавадаречкиот прволигаш од каде велат дека немаат ништо против Академија Пандев туку изразуваат револт кон кон судиската организација и судиската четворка.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
- Целосното соопштение на ГФК Тиквеш:
„Реакција на објавениот статус на ФК Академија Пандев во врска со вчерашниот натпревар! Почитувани, би сакале преку оваа соопштение да ја информираме јавноста дека ГФК Тиквеш не ја напаѓа ФК Академија Пандев за вчерашниот натпревар во кој нашата екипа беше оштетена од страна на судиската четворка, а особено од страна на главниот судија. ГФК Тиквеш изразува револтот кон судиската организација како и кон судиската четворка која вчера катастрофално го водеше натпреварот од 24. коло помеѓу ГФК Тиквеш и ФК Академија Пандев одигран на Градскиот стадион во Кавадарци. ГФК Тиквеш на ФК Академија Пандев им посакува успешна сезона и остварување на зацртаните цели, но ние како клуб сме крајно револтирани од судиската организација на Македонија и од судиската четворка, особено од главниот судија на мечот кој со неговите грешки драстично влијаеше врз самиот натпревар и нашиот клуб. Уште еднаш би сакале да потенцираме дека ние немаме ништо против ФК Академија Пандев, туку кон судиската четворка и судиската организација.“
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247