Тиквеш подобар од Скопје, реми на Чаир, Шкендија преку пресврт го освои Прилеп

Тиквеш продолжува со одличните резултати во новата сезона од Прва лига, откако денес го забележа четвртиот сезонски триумф. Во рамки на 9. коло од ПМФЛ, кавадарчани на домашен терен беа подобри од Скопје со 2:0.
Ристе Темелков стрелаше во 25. минута за 1:0 на полувреме, а во вториот дел односно во 82. минута Александар Мишов погоди за конечни 2:0.
Шкендија преку пресврт го освои Прилеп откако со 1:3 славеше над Победа. Прилепчани први стигнаа до водство на „Гоце Делчев“, откако уште во 12. минута Огнен Ѓурковиќ постигна гол за водство од 1:0. Во финишот на првиот дел Љупчо Дориев постигна гол за 1:2 на полувреме.
На стартот од вториот дел тетовчани го свртеа резултатот преку Аденис Шала, кој во 53. минута постигна гол за 1:2. Неизвесноста дали трите бодови ќе заминат во Тетово или пак „пленот“ ќе биде поделен траеше се до судиското надополнување кога Дориев со втор гол го потврди четвриот сезонски триумф и ги обезбеди трите бодови.
Дуелот на Чаир меѓу актуелниот шампион Шкупи и Силекс заврши без победник и без погодоци, откако двете екипи го „поделија“ пленот и мораа да се задоволат со по еден освоен бод, во меч кој заврши со резултат 0:0.
Вчера, Работнички славеше над Брегалница во Штип (1:3), а пак Македонија Ѓорче Петров одигра 1:1 против лидерот Струга Трим Љум.