ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тиквеш подобар од Плачковица на вториот контролен натпревар (ФОТО)

Тиквеш и на вториот контролен натпревар запиша победа, откако денес на игралиштето во Марена, со 4:2 беше подобар од радовишка Плачковица.

Двоен стрелец за Тиквеш беше Симе Христов, а по еден гол постигнаа Благоја Љамчевски и Ѓорѓи Мојсов. Шефот на стручниот штаб на Тиквеш, Пане Блажевски им даде шанса на сите фудбалери со кои располага во моментот.
Стрелци на двата гола за Плачковица беа Иван Колев и Дамјан Ивановски.

Следен контролен натпревар за Тиквеш е со Работнички, додека Плачковица ќе има квалитетен тест со Академија Пандев.