Тиквеш нема право на грешка, Брегалница домаќин во Прилеп, дерби меѓу Ренова и Македонија ЃП

Денес се играат натпреварите од вонредното 26. коло на Првата македонска фудбалска лига.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Тиквеш нема право на грешка против Струга Трим Лум. Меч од резултатско значење и за двете екипи. Кавадарчани во претходното коло беа оштетени на Чаир и дома се вратија со празни раце, но денес немаат право на грешка и трите бодови ќе бидат повеќе од потребни со цел значително да пораснат шансите за евентуален директен опстанок. Од друга страна трите бодови ќе им бидат потребни и на стружани бидејќи Скопје ја стопи разликата во однос на Струга на само осум бодови, а пак во однос на Работнички на шест бодови, па секој бод до крајот на првенството ќе биде од голема важност за овие екипи во битката за сигурен опстанок. Тиквеш и на двата натпревари со Струга успеа да остане не поразен и да извлече по еден бод, откако дома одигра 1:1, а пак покрај езерото 0:0.
Скопје на „Железарница“ ќе се обиде да приреди уште едно изненадување против лидерот на табелата Шкупи. „Пиратите“ во Струмица против „пандевци“ во вториот дел од мечот го свртеа резултатот и во Автокоманда се вратија со цел „плен“. Ваквиот триумф е силен мотив за момците на Љупчо Марковски Калц да приредат уште едно изнадување против Шкупи.
Борец во неделата успеа да откине два бода од Шкендија откако ремизираше на домашен терен играјќи 0:0. Ваквиот резултат дава надеж за велешани да се надеваат да завршат во бараж зоната, откако Тиквеш загуби на Чаир. „Пандевци“ во претходното коло загубија од Скопје, откако по водството на полувреме во вториот дел примија два погодоци и останаа без бодови, па веќе денес ќе мора да го пронајдат патот до трите бодови, бидејќи со нов кикс, „лавовите“ би можеле да се искачат до местата кои водат во Европа, а Академија Пандев би можела да се спушти место подолу на табелата.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Брегалница денес како домаќин во Прилеп ќе ја пречека екипата на Работнички. Брегалница во претходното коло одигра одличен меч и со два играчи помалку успеа да остане непоразена на теренот на ФФМ каде играше како домаќин против Ренова. Штипјани силно посакуваат три бодови, а од друга страна и „романтичарите“ ќе бараат излез од резултатската криза бидејќи на последните три натпревари нанижаа три порази, а ваквите резултати воопшто не му одговараат на Работнички бидејќи Скопје сега се наближи на само шест бодови.
Пелистер на домашен терен ќе има тежок меч против актуелниот шампион Шкендија. Тетовци во Битола ќе се поправаат по ремито во Велес кое донесе смена на тренерската позиција- откако Бруно Акраповиќ заработи отказ, а пак на негово место доаѓа Артим Шаќири кој е назначен за в.д. тренер.
Ренова на домашен терен ќе брка прв сезонски триумф против Македонија Ѓорче Петров. „Гипсарите“ на првиот меч во Ѓорче одиграа 1:1, а пак на 20. февруари на домашен терен загубија од Македонија ЃП со минимални 0:1. Трите бодови ќе бидат императив и за двете страни, а триумф за „лавовите“, а кикс на „пандевци“ може да донесе промена во однос на местата кои водат во Европа.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428