ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш на контролка против Ренова во Охрид

Повратникот во Првата лига, екипата на Тиквеш веќе неколку дена се подготвува за новата сезона во Охрид. Кавадаречкиот прволигаш во недела ќе одигра контролен натпревар со екипата на Ренова покрај езерото.

Во претходните два контролните натпревари избраниците на Пане Блажевски запишаа две победи против Македонија ЃП (4:2) и Работнички (3:1).

Инаку, Тиквеш досега ги претстави Роберт Коцев, Александар Мишов, Виктор Крстевски, Иван Ивановски, Фортунато Да Силва, Ибрахима Тиам и Дарко Тофилоски.

Тиквеш по цели 17 години се враќа во Првата лига, откако екипата во баражот со Силекс славеше со минимални 1:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!