ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тиквеш на контролен натпревар против Осогово

Утре на Градскиот стадион во Кочани ќе се одигра контролен натпревар меѓу второлигашите Осогово и Тиквеш.
Кавадаречкиот второлигаш има успешни контролки на кои ја потврдува одличната форма за пролетната полусезона од Втората лига – Исток. На првата контролка во Струмица, Тиквеш со 2:3 беше подобар од прволигашот Беласица, со 4:2 славеше над Плачковица, реми против Работнички со по еден гол, а на последниот тест во Неготино со 1:4 беше далеку подобар од Вардар Неготино.
Осогово одигра два контролни натпревари, првиот го загуби со 1:2 од штипска Брегалница, додека вториот со 1:0 го загуби од Кит Го.
Тестот меѓу Осогово и Тиквеш ќе се игра со почеток од 14:00 часот.