ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш како домаќин против Шкендија ќе игра во Прилеп

Тиквеш по цели 17 години се врати во Првата лига, а својот прв натпревар како прволигаш наместо во Кавадарци ќе го одигра во Прилеп против актуелниот шампион Шкендија.

Причината поради која Тиквеш ќе игра во Прилеп, а не во Кавадарци е реконструкцијата на соблекувалните на Градскиот стадион во Кавадарци, иако, раководството на клубот и локалната самоуправа и покрај максималната ангажираност не успеаја да ги завршат санациите пред стартот на ПМФЛ.

Како што дознава Спортска Мрежа од извори од кавадаречкиот прволигаш, Тиквеш својот прв натпревар како домаќин на Градскиот стадион најверојатно ќе го одигра во 3. коло против Академија Пандев.

Инаку, публиката се враќа на стадионот меѓутоа истата ќе биде ограничена на 30% од капацитет на стадионот, што значи дека на „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе има 30% публика од капацитетот на стадионот, а „Лозари“ сигурно ќе бидат на Градскиот стадион во Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!