ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш ја продолжува соработката со Христов, Димовски, Љамчевски и Наумоски

Новиот прволигаш Тиквеш ја продолжи соработката со четворица фудбалери за следната сезона. Нови договори со кавадаречкиот прволигаш потпишаа Симе Христов, Столе Димовски, Благоја Љамчевски и Јорданчо Наумоски.

Искусните фудбалери ќе бидат дел од Тиквеш и во следната сезона, а клубот претходно ги продолжи договорите со Едиз Спахиу и Стефан Наумчески.

Како што претходно извести Спортска Мрежа, на 23. јуни Тиквеш ќе ги стартува подготовките за новата сезона, а главниот дел од припремите ќе биде во Охрид, а покрај езерото ќе бидат одиграни и неколку контролните средби.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!