ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тиквеш ја прегази Плачковица, Брегалница убедлива против Победа

Денес беа одиграни натпреварите од 21. коло од Втората лига – Исток. Фаворитите очекувано до убедливи победи, изненадување во Гевгелија.

Брегалница 3:1 Победа

Лидерот Брегалница сериозно чекори кон Прва лига, откако денес со 3:1 ја „збриша“ прилепска Победа. „Штипските“ сини со гол на Стојанов Мартин во 7. минута први стигнаа до водство од 1:0. Во 16. минута Додев Дарко го дуплираше водството. Прилепчани преку Грозданоски Дарко во 35. минута намалија на 2:1 со надеж за изненадување, но Брегалница се налути и по шест минути зголеми на конечните 3:1 со втор гол на Додев.

Брегалница – Победа

Тиквеш 4:1 Плачковица

Сосема очекува Тиквеш запиша голема победа над Плачковица од 4:1. Домашната екипа важеше за голем фаворит, а тоа го покажа со убедлива игра на Градскиот стадион во Кавадарци. Спахиу Едиз уште во 7. минута ја стресе мрежата на радовишани. Во 18. минута Темелков Ристе донесе водство од 2:0. Гостинот од Радовиш во 27. минута намали на 2:1 со гол на Јошевски Андреј. Во судиското надополнување на првиот дел, Бафто покажа на белата точка, откако Конзулов играше со рака за што доби жолт картон, а Мојсов Ѓорѓи успешно реализираше за 3:1 на полувреме. Во вториот дел нововлезениот Љамчевски Петар ги постави конечните 4:1.

Каменица Саса 1:0 Слога

Екипата на Каменица Саса на домашен терен со минимални 1:0 беше подобра од Слога. Екипата од Виница влезе во голема резултатска криза и на последните пет натпревари не знае за победа. Стрелец на победничкиот гол за Саса беше Дуков Сашо кој ја погоди мрежата на противникот во 42. минута.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Кит Го 2:1 Росоман

Кит Го сосема очекувано стигна до десетиот сезонски триумф, откако на домашен терен во Пехчево со 2:1 беше подобар од „фенерџијата“ Росоман. Победата беше најавена уште рано, кога во 7. минута Мичковски Тони погоди за 1:0, а само три минути подоцна Арсов капитулираше по втор пат, со гол на Борха. Во вториот дел Свртиновски Христијан намали на 2:1, но гостинската екипа немаше сили за изненадување и дома си замина со 17-ти сезонски пораз, па пополека ќе го „пакува куферите“ за враќање во Третата лига – Југ.

Кожуф – Осогово

Кожуф 0:1 Осогово

Храбра и голема победа на Осогово кој среде Гевгелија со минимални 0:1 славеше над Кожуф и дома си заминува со три бодови. Победничкиот гол го постигна Благој Истатов во 85. минута од натпреварот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!