ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГАФутсал

Тиквеш и Клими ќе одиграат новогодишен футсал натпревар

Во недела фудбалскиот прволигаш Тиквеш и второлигашот во футсал Клими ќе одиграат новогодишен футсал натпревар во Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци.

„За крај на оваа 2021 година во која се радувавме и славевме многу победи и успеси но и во која тагувавме кога резултатот не беше на наша страна ве покануваме на новогодишен ревијален футсал натпревар помеѓу екипите на КМФ КЛИМИ.мк – Кавадарци и ГФК Тиквеш 1930 – Кавадарци кој ќе се одигра на ден 26.12.2021 (недела) со почеток од 19:00 во СЦ „Јасмин“ – Кавадарци. Натпревар кој ќе биде исполнет со многу фудбал, атрактивни потези, дриблинг, акција, голови но и со многу награди за публиката присутна во салата. Не го пропуштајте овој уникатен фудбалски натпревар и присуствувајте на последниот спортски настан за оваа 2021 година во Кавадарци“, се вели во соопштението на кавадаречкиот прволигаш.

Натпреварот ќе започне во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!