ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш го утврди датумот за подготовките, преговори за неколку странски засилувања

Тиквеш по 17 години повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, откако во баражот беше подобар од Силекс.

Новиот прволигаш на 23. јуни ги „пали моторите“ и ќе ги започне подготовките. Екипата главниот дел од припремите ќе го одработи во Охрид, а покрај езерото ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари.

Како што дознава Спортска Мрежа, за време на подготовките ќе пристигнат и неколку странски играчи кои ќе бидат на проба, па доколку се покажат тогаш ќе следи и официјализација на соработката.

Според нашите извори, Пане Блажевски ќе остане на клупата на Тиквеш и во следната сезона. Блажевски го предводеше Тиквеш во пролетната полусезона во Втората лига – Исток и преку бараж го врати клубот во ПМФЛ.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!