РакометРакомет - Суперлига

Тиквеш го „тресна“ Охрид во дербито за место во плеј-офот!

Тиквеш вечерва во „Јасмин“ забележа клучен триумф над конкунретот Охрид во дербито на колото со 25:23 и со тоа се зацврстува на местата кои водат во плеј-оф завршницата.

Поранешниот тренер на охриѓани, Горан Андоновски беше подобар од неговиот колега Раде Стојановиќ со што сега избраниците на Андоновски се шестти на табелата со 21 бод и имаат пет повеќе од седмопласираниот Охрид.

Во првиот дел од натпреварот се играше гол за гол со неколку пресврти и на двете страни. Двете екипи доаѓаат до водство од само плус еден, а пред крајот на првиот дел Дарко Кондев со два погодици и одлична мајсторија успеа да направи разлика од три гола предност за Тиквеш на полувреме.

Во вториот дел Охрид се обидуваше да се врати во натпреварот, но Тиквеш на голот го имаше расположениот резервен голман Марјан Велков кој беше одличен и одбрани три пенали. Охрид успеа да дојде до минус еден кога резултатот беше 22:21 со што натпреварот влезе во еден неизвесен финиш, но сепак Тиквеш беше подобар во нападите, а Велков повторно во вистинско време ја спушти ролетната на голот на Тиквеш и не дозволи изненадување, па трите бодови останаа во Кавадарци, а Охрид дома се враќа поразен и со празни раце.

Поразот за Охрид ќе значи и многу тешка борба за обезбедување на место во плеј-офот што е стартна цел на охриѓани.

Натпреварот помина во одлична атмосфера зачинета од страна на верните „Лозари“ кој го бодреа својот Тиквеш.

Најдобар во редовите на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со седум погодоци, два помалку имаше Дарко Кондев. Кај охриѓани со осум погодоци најдобар беше Мице Шилегов, а три помалку имаше Крсте Андоновски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!