Тиквеш го среди и Радовиш, Бошковски дебитира со пораз

Ракометарите на Тиквеш запишаа нова победа во плеј-аутот од Супер лигата, откако во СРЦ „25 мај“ го совладаа Радовиш со 27:32. За екипата на Тиквеш ова е максимална четврта победа, додека Радовиш продолжува да реди порази.
Домашната екипа на овој меч тргна со новиот тренер, на клупата дебитира Андон Бошковски, кој на првиот натпревар со новата екипа запиша пораз, а ќе му треба многу работа за да го обезбеди опстанокот во суперлигашкото друштво.
Радовиш стартуваше слабо и во текот на целиот натпревар бркаше негатива, но ниту на момент не успеа да го загрози водството на гостите од Кавадарци. Тиквеш стартуваше одлично и имаше водство од четири погодоци, а на полувреме замина со плус седум при 11:18.
Во второто полувреме Радовиш најмногу се доближи до минус четири, но Тиквеш не дозволи противникот ни на момент да се врати во игра и сосема заслужено на крајот со 27:32 ја запиша четвртата победа во во плеј-аутот.
Голманот на Тиквеш, Александар Стојановски беше одличен, ја спушти „ролетната“ и имаше одлични интервенции.
Ивица Илиев беше најдобар кај радовишани со 11 погодоци, додека кај Тиквеш најдобар беше Јане Јанчев со шест погодоци, а по пет постигнаа Душан Медиќ и Пеце Ѓорѓиоски.
Тиквеш останува на врвот со максимални 12 бодови, додека Радовиш се уште е без бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата.