Тиквеш го победи Работнички, но остана без плеј-оф

Тиквеш запиша победа од Работнички од 29:31 во рамки на групата Б од Суперлигата, но останува без плеј-оф и ќе разигрува за опстанок во ракометната елита, откако Еурофарм Пелистер 2 го победи Прилеп на гостински терен.
Суперлигашот од Кавадарци влезе силно мотивиран во првиот дел од натпревар и желбата за победа кај нив беше голема. Првото полувреме заврши со 6 гола предноста за кавадарчани, односно 11:17.
Во вториот дел домаќинот имаше одличен старт и успеа да ја намали предноста на Тиквеш. Гостите тргнаа лошо во второ полувреме, веројатно без голема желба за убедлива и сигурна победа по веста дека Прилеп има голема негатива.
Очекува кај Работнички најдобар беше Ончев со девет голе,а додека кај гостите Гошевски и Јанчев погодија по седум пати.