ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тиквеш го доби дербито со Росоман, Плачковица до голем бод во Гевгелија против фаворитот Кожуф

Денес со натпреварите од 17. коло беше отворена пролетната полусезона од Втората лига – Исток.

Тиквеш со убедливата победа од 3:0 во дербито на Тиквешијата против Росоман се врати на Градскиот стадион во Кавадарци. Домаќинот резултатот го отвори во 15. минута од натпреварот со гол на Љамчевски Благоја. Во вториот дел Росоман имаше надеж за бод се до 81. минута кога новото засилување Спахиу Едиз ја затресе мрежата на противникот за 2:0, а три минути подоцна повторно Спахиу погоди за конечни 3:0.

Лидерот Брегалница со 2:1 славеше над Победа на Градскиот стадион во Штип. Прилепчани започнаа одлично и први дојдоа до водство, откако во 23. минута Грозданоски Дарко ја погоди противничката мрежа за 0:1. Во вториот дел штипските „сини“ правеа голем притисок кон голот на Победа и во 54. минута Стојанов Мартин погоди за 1:1. Вториот гол за Брегалница го постигна Додев Дарко во 75. минута за конечни 2:1.

Кит Го запиша сигурна победа на гостувањето во Виница, каде со 0:2 беше подобар од домаќинот Слога. Првиот гол на натпреварот падна во 30. минута, а стрелец беше искусниот Христов Оливер. Во вториот дел домаќинот се обиде да дојде до брзо израмнување, но не успеа, а противникот со одличната игра во 54. минута зголеми на 0:2 преку Андонов Зоран.

Дербито во Кочани меѓу Осогово и Каменица Саса заврши нерешено со резултат од 1:1. Гостите од пенал во 43. минута први дојдоа до водство, а реализатор беше Гоцевски Даниел. Во вториот дел домаќините започнаа со голем притисок кон голот на противникот и во 70. минута преку новото засилување Истатов Благој израмнија на конечните 1:1.

Плачковица дојде до голем бод на тешкото гостување во Гевгелија, каде одигра 0:0 со фаворитот Кожуф.

Целата табела од Втората лига – Исток погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!