РакометРакомет - Суперлига

Тиквеш го доби дербито со КЛ7 и останува на врвот во плеј-аутот

Ракометари на Тиквеш го добија големото дерби со КЛ7 откако во Кавадарци со 30:27 беа подобар противник и останаа единствени непоразени во плеј-аутот од Супер лигата.

Тиквеш одлично го отвори резултатот и имаше водство од четири погодоци, но гостите заиграа подобро и стигнаа до израмнување од 14:14, а во последните минути од првиот дел домашната екипа постигна гол за 15:14 на полувреме.

Во вториот дел Тиквеш повторно одлепи со три гола предноста кога резултатот беше 19:16, по што КЛ7 повторно намали на еден разлика при 22:21. До крајот на натпреварот Тиквеш ја одржуваше предноста од два до три гола, за конечните 30:27.

Најдобар кај Тиквеш беше Вања Смиљаниќ со девет погодоци, а Орданчо Лазов имаше четири. Кај КЛ7 најдобар беше Игор Ѓоргиев со девет погодоци, а седум постигна пивотот Кристијан Симоноски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!